17.6.16

Модерно робовладетелство

Не би почнал со ,,Денес Македонија е земја која е…блабла…" Знаеме, добро? И тие што се прават дека не знаат- знаат, но траат поради тоа што се модерни робови на една мала група… човечиња.

 Што е модерен роб?
 Човек што работи во администрација, цица пари од презадолжената ни наша Македонија и не размислува за иднината на другите околу него, па и најблиските. Убаво се чувствува... Цица од државата нешто ситно, колку да преживее. Друг вид на роб е вработен во некоја странска компанија, инвестициска за минималец му ја вади душата.

 Па добро, ајде овие од ДПМНЕ отидоа идеолошки, но економски? Развивање на приватни домашни компании? Десница? Слабо… Зошто кога ќе нѐ чукнат не сме зрели? Бидејќи се плашиме... Нема УДБА… овие се послаби од УДБА.

Проблемот е тоа што искомплексираниот ген на потчинетост ни е активиран уште. Не можат бе луѓе сите да нѐ уапсат, сите да ве изгонат, до кога негледајќи за другите, и мислејќи само за себе, си правиме на сите да ни е лошо.

 Нема леви, нема десни… Имаме само една идеологија - Македонија. За да ни е добро на сите. Или себично ќе пропаднеме заедно? И ќе потонеме? Некој ќе исплови до Белизе, има јахта, а ние обичните смртници? Ќе се загрижиме за потомството наше или ќе ме и ќе нѐ испратите во друга земја? Сакате земја без пари и со послушници?

No comments:

Post a Comment