Гледајќи ги вестите на провладините медиуми, многу јасно може да се забележи дека имаме добро осмислена пропаганда која просечниот граѓанин сака да го натера да почне да мрази одредена група на граѓани (во овој случај- Шарените револуционери).
Прво и основно, Шарена е револуцијата само затоа што има од сите политички идеологии по нешто. Второ, да се разбереме, ова на провладиниве мегафончиња ми изгледа дека е нешто како детска игра. Покажуваат само една страна, а не ставот и доказите дека медицинските возила биле едноставно празни.
Па добро бе луѓе, од тие што гледате вести на провладиниве, сигурно добар дел од вас ја слушнале другата страна. Празно возило.
И сега? Паѓаме на детски трикови? Толку ли сме очајни како народ и ќе си ќутиме? До кога вака? Силен народ сме, не сме потклекнале турско, не сме потклекнале српско, не сме потклекнале кон ниедна окупаторска сила, а дозволуваме нашите домашни непријатели и криминалци да не` контролираат.
До кога?
До кога пропаганда без морал? До кога ќе веруваме гледајќи турски серии и во меѓувреме вестите ќе дозволиме да ни ги полнат мозоците?
No comments:
Post a Comment